Заврши собраниската расправа за Предлог законот за докторска дејност

Во Собранието денеска се расправаше за предлогот на група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за докторска дејност со кој што платата на специјалистите би била 100 илјади денари, а на специјализантите 23 илјади. Опозицискиот пратеник Димитар Стевананџија ѝ предложи на власта да ги скрати непродуктивните трошоци и да им ги скрати платите или да ги избрка од работа шарените револуционери за да обезбеди пари за поголеми плати на лекарите.

 

Пратеникот од мнозинството Павле Богоевски му одговори дека пари за зголемување на платите на лекарите и специјалистите ќе има кога ќе ја стабилизираат државата од расипничкото и популистичкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ му одговори со контрареплика за задолжувањето на актуелната влада.
„Колега Павле, милијарда и петсто илјади нè задолживте за шест месеци. Tолку евра нема испечатено, колку што можете да вие да се позајмите во светот“, рече Стевананџија.

Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Предлог законот е реален. - Очекувам да не поддржите во сите  позитивни законски чекори што ќе се преземат во интерес на лекарите. Повторувам  ќе останеме без лекари во Македонија, рече Манојловски, критикувајќи што за ресорот здравство не е именуван министер што говорело за сериозноста на заложбите на власта во здравството. 

Откако констатираше дека се повлечени предложените измени на законите за плати, за извршување и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесени од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ претседателот на Собранието Џафери ја прекина седница и продолжи со работа по 12. и 13. седница. По констатацијата дека не е обезбеден потребниот кворум за гласање по законите Џафери ја прекина работата на Собранието.

 

 

 

17.11.2017 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега