Метеоролозите предупредуваат: Следуваат ниски температури и снег

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека врнежите од дожд што ги има во целата земја викендот ќе бидат уште пообилни.

-Под влијание на циклонска активност и денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 40 литри на квадратен метар. Во текот на денот врнежите ќе се преместуваат кон исток. Утре врнежите ќе бидат претежно во источните делови, а в недела слаби и локални. Од понеделник со засилен северен ветер ќе има позначително заладување со врнежи од дожд и снег, кој, освен на планините, ќе се појави и на повисоките места, особено на север и на запад, стои во соопштението на УХМР.

 

 

 

17.11.2017 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега