Полицијата ја запре пијаната милијардерка, казната која сега треба да ја плати е огромна (фото)

Студентката Катарина Г. Андресен (22) која е најбогата жена во Норвешка заработи неверојатна казна која изненади многумина луѓе.

Станува збор за студентка чие богатство се проценува на 1, 23 милијарди долари, а воедно таа е прогласена и за втора најмлада милијардерка во светот.

Откако претходно полицијата ја фатила Катарина како вози во пијана состојба ја казниле за прекршок на законот, но она што е интересно е тоа што судот во Осло соопшти дека казната би можела да изнесува околу 4,9 милиони долари.

Инаку казните во Норвешка ги одредува судот според богатството на прекршувачите, па затоа оваа казна е екстремно висока.

На Катарина одземена и е и возачката дозвола во времетраење од 13 месеци.

 

 

 

17.11.2017 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега