Заев во работна посета на БиХ

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска попладне ја започнува работната посета на Босна и Херцеговина, соопшти владната прес-служба.

Серијата состаноци на македонската владина делегација предводена од премиерот Заев ќе започне со работна средба со делегацијата на Советот на министри на БиХ.

По средбата, ќе следи заедничка изјава на премиерот Заев и на претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Во вториот дел од денешната агенда, предвидено е учество на премиерот Заев на пленумската сесија „Кон обновата на левицата во Југоисточна Европа“, во склоп на конференцијата „Состојбата во регионот – Проценка од социјалдемократската перспектива“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

 

 

 

17.11.2017 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега