ФОТО: Пожарникарите од Ѓорче Петров спасија кученце од шахта

Утринава во дворот на полициската станица во скопската населба Ѓорче Петров било спасено куче бездомник.

Кученцето паднало во отворена шахта, а жители никако не успевале да го извлечат. Вработените во локалната пожарникарна станица дошле на самото место и го извлекле кученцето.

Здруженијата за заштита на животните јавно им се заблагодаруваат на пожарникарите од Ѓорче Петров.

 

28.08.2013 - 15:24
Фото: 
Курир