"Очи за еднаквост" - Марш на толеранцијата во Скопје за лицата со попреченост

Наоди од истражувањата и анализите за потребите за промени за лицата со посебни потреби во областите на социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот, ќе бидат презентирани денеска на Конференцијата „Очи за еднаквост“ во организација на Хелсиншкиот комитет, посветена на лицата со попреченост.

Воведно обраќање ќе имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а ќе учествуваат и претставници од министерствата надлежни за областите за кои биле спроведени истражувањата.

Конференцијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Попладне ќе се одржи и Маршот на толеранцијa „Гледај со срцето, прифати ја различноста“ кој започнува во 15 часот од Музеј на Град Скопје.

Оттаму, учесниците ќе се движат по улица Македонија, а маршот, кој е поддржан од 25 граѓански организации, ќе заврши со обраќања од учесниците во парк „Жена борец” спроти Собранието на РМ. 

 

 

 

15.11.2017 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега