Секој десетти Македонец има дијабетес - болеста зема замав

Секој десетти Македонец има дијабетес, а во Македонија во 2017 бројката на дијабетичари е над 180 000 на возраст помеѓу 20 и 79 години.

Од здруженијата на пациенти бараат итни мерки и одржливи долгорочни стратегии за справување со оваа болест.

Денеска на 14-ти ноември светот и Македонија го одбележуваат светскиот ден на дијабетесот, преку глобална кампања промовирана од светската здравствена организација со цел зајакнување на свесноста на граѓаните за превенција од болеста.

 

 

 

14.11.2017 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега