Во понеделник почнува судењето за екс амбасадорот Перо Стојановски

Според порталот Фаланга, во понеделник, на 2. септември во Канбера ќе стартува судскиот процес против поранешниот македонски амбасадор во Австралија и екс министерот за образование – Перо Стојановски. Како што објавува Фаланга, тој моментално живее во Мелбурн и се очекува се појави на судскиот процес во Канбера.

- Перо Стојановски доброволно ја напушти функцијата Амбасадор во Австралија и се врати во родниот крај на кој неколку медиуми наведуваа дека е тешко е болен и дека наводно тие биле причините околу неговото заминување од таа функција, пишува Фаланга.

 

Стојановски во моментов престојува во Австралија, но, не обавува никакви дипломатски функции. Тој го привлече вниманието на јавноста со љубовната афера со Македонката Лидија Думбаловска, која живее во Австралија. Таа имаше судски епилог поради уценување на Стојановски и кражба на неговиот лаптоп, а потоа и со потпишувањето како амбасадор на БЈРМ на страната на амбасадата на Фејсбук.

Извор: Фаланга

28.08.2013 - 14:34
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега