Ферати најсериозен кандидат за министер за здравство - Ахмети се закани нема да гласа

Вулнет Ферати, поранешниот претседател на УО на фондот за здравсто и актуелен професор на тетовскиот универзитет, е најсериозниот кандидат за заменик на Арбен Таравари, за министер за здравство, јавува 24вести.

Тој ќе дојде на министерската позиција ако не се случи реконструкција на Владата. За оваа можност размислувал премиерот Зоран Заев, а за истото го информирал и Зијадин Села.

Села на маса пред Зеав ги ставил имињата на Ферати и на актуелниот директор на очната клиника Беким Татеши, но извори од двете партии велат дека Ферати има повеќе шанса. Втората опција е премиерт да пресече дека ќе прави реконструкција, со што здравство би го земало СДСМ, додека пак ќе се бара опција која би го задоволила Села за евентуално изгубеното место, јавува 24вести.

ДУИ со конкретна порака, ќе гласа за министер од партијата на Села, можеби само доколку тој се извини за обвинувањата дека Ахмети е инспиратот на обидот за ликвидација на лидерот на Алијасата на 27 април. Од партијата на Ахмети велат без нив, министерот на Села, може да биде избран само со гласовите на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи СДСМ нема да има доволно мнозинство. 

 

 

 

13.11.2017 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега