Димитров: Успеавме да се вратиме на нашата европска патека

„Успеавме да се вратиме на нашата европска патека, а ЕУ успеа да го возобнови политичкото внимание на Балканот“, истакна Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од Брисел, каде заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учевствуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.

„ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина, а ние сме одговорни за судбината на тој пат. Постоењето на магичната фраза – политичка волја, реформската ориентираност и поддршката од нашите европски пријатели се клучни за запечатување на нашата европска иднина. Ние имаме втора шанса да успееме, а нашите пријатели од Брисел имаат шанса да ги убедат скептиците во успешноста на пристапниот процес.” изјави Димитров.

Дискусиите на работниот појадок беа фокусирани на перспективите на Република Македонија во контекст на отпочнувањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, како и заложбите на Владата за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите и унапредувањето на добрососедските односи.

Во рамки на посетата на Брисел, денес министерот Димитров ќе оствари и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Португалија и Грција.

 

 

 

13.11.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега