Даватоглу: Не очекуваме напад врз Сирија во наредните денови

 

 Турција не очекува евентуална воена интервенција врз Сирија во следните денови и покрај изјавите на претставници на западните држави, изјави шефот на турската дипломатија Ахмед Давутоглу.

- Ние инсистираме пред се Советот за безбедност на Обединетите нации да се обедини околу една заеднички став за тој проблем и тогаш да се пристапи кон конкретни акции, посочи Давутоглу.

Дипломатски извори во Анкара наведуваат дека ќе се почека ставот на СБ на ОН и ако сите иницијативи не дадат резултат, тогаш ќе бидат потребни најмалку две недели за формирање на евентуална воена коалиција против Сирија.

Турските експерти ја исклучуваат можноста за копнена офанзива во Сирија. Тие тврдат дека ќе бидат преземени воздушни напади врз сириските стратешки објекти во реонот на Средоземно Море. Во тој случај ќе треба да се користи американската воена база Инџирлик, но турските власти се уште не се изјасниле за тоа прашање

28.08.2013 - 14:00

најчитано сега