Не е виновна машината за перење, ниту молците - зошто настануваат дупки на памучните маици?

Основачот на популарниот бренд American Giant, Бајард Винтроп објаснил поради што се појавуваат дупчиња на новата гардероба, поточно на новите памучни маици. А објаснувањето е сосема логично.

"Долниот дел од маицата е главната точка на ткаење. Ткаенината на тој дел секојдневно се трие со металните колани или грубиот горен дел од фармерките. Со време таа ќе се уништи и затоа настануваат досадните дупчиња", објаснил Винтроп. 

Секако нема да престанете да носите колан и фармерки, но треба да обрнете внимание на квалитетот на материјалот, со оглед на тоа дека денешната "брза мода" на производство на гардероба е сè поефтина.

 

Ваквите парчиња најчесто ги купуваме за секојдневно носење, но секогаш е корисно доколку на декларацијата проверите од каков вид на памук е изработена маицата.

На пример, висококвалитетните памуци со долги влакна, секогаш сè добар знак. Меѓутоа, доколку приметите дупчиња и на други делови од маицата, а посебно и на друга гардероба, можеби е време да започнете војна со молците.

 

 

 

10.11.2017 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега