„Мора да се контролира“ - Миле Китиќ открил нови детали за состојбата на Синан

Синан Сакиќ пред еден месец нагло ослабе, а здравјето драстично му се влоши, па во моментов е под будното око на докторите, а вградени му се и два стента помеѓу жолчката и црниот дроб.

Бројни колеги покажаа загриженост за него, а Миле Ктиќ откри каква е состојбата во моментов на Синан Сакиќ.

-Ова се сериозни години, човекот мора да се контролира. Нашата работа е стресна, носи нередовно спиење, промена на клима, зона... Организмот може да попушти. Јас знам дека Синан е болен. Но, тој и слабо јаде. Помешано со малку неспиење и пушење цигари, алкохол и организмот ќе попушти. Но, тој ќе се избори 100%. Има да биде посилен од било кога - смета Миле.

 

 

 

10.11.2017 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега