Кузмановска: СДС преку покачувањето на даноците ги клекнува на колена економијата и граѓаните (видео)
„СДС преку покачувањето на даноците ги клекнува на колена економијата и граѓаните. Поскапувањето на акцизата за дизелот, мазутот и екстра лесното масло за домаќинства едно македонско семејство ќе го чини една просечна плата годишно.
СДС удри по граѓаните, кои со свои пари ќе го покриваат расипничкото трошење на оваа неодговорна власт.
Зголемувањата на цената на акцизата најмногу ќе влијае на патниот и железничкиот транспорт. Според податоците од Државниот завод за статистика за количината на потрошено гориво во изминатава година, се претпоставува дека истата количина ќе биде потрошена и догодина се гледа дека транспортерите ќе имаат 32.5 милиони евра поголеми трошоци, разлика која граѓаните веќе ја плаќаат преку поголеми билети за меѓуградскиот превоз, па така цената на повратниот билет Скопје – Берово – Скопје или обратно, претходно чинеше 520 денари. Новата цена на билетот е веќе 620 денари. Ова се ефектите од животот на СДС.
Покачувањето на горивата ќе значи шок и за индустријата, над 5.5 милиони евра индустријата ќе треба да ги плати поради покачувањето на цената, тоа се 5.5 милиони евра дополнителни трошоци, кои наместо како инвестиција во нови погони и работни места ќе отидат за полнење на буџетската дупка која СДС ја создава.
Производителите на раноградинарските производи ќе имаат повисоки трошоци за над 310.000 евра, како резултат на покачување на цената на мазутот, ова директно ќе влијае на цените на раноградинарските производи на домашниот пазар, но и ќе ја намали конкурентноста на странските пазари на земјоделците кои се извозно ориентирани.
На удар на повисоката акциза се и домаќинствата кои се греат на нафта, па така догодина тие ќе мора да одвојат 245.000 евра повеќе од лани, ова е ли е животот кој го ветуваа Заев и СДС? Ова не е живот, туку беда во најава. Беда која ја носи СДС за целата држава, за да ги покриваат своите расипнички трошења.
Нудеа живот донесоа сиромаштија“, изјави Лилјана Кузмановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа