Циклон доаѓа кон Македонија - подгответе се за значителна промена на времето

Денес во источните делови ќе преовладува променливо облачно време, а во западните и јужните претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Во текот на ноќта под влијание на циклон во Медитеранот, почнувајќи од западните делови врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошируваат кон исток. Врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет ќе има и утре во текот на денот. Локално ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 25 л/м2,  особено во западните и југоисточните делови. Во овие региони можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

 

Потоа во наредните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

 

 

 

07.11.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега