Почина четиригодишно индиско девојче кое било во кома по силувањето

Индиско четиригодишно девојче, што беше во кома по силување, почина во болница во Нагпур, пренесува ДПА, повикувајќи се на весникот „Тајмс од Индија“.

Девочето, со тешки повреди на мозокот, изминатите 10 дена беше на апарати за анимирање. Причина за смртта е запирање на работата на срцето.

Починатото девојче беше нападнато и силувано во село во индиската сојузна држава Мадја-Прадеш. Уапсени се двајца осомничени.

Активистите за човекови права тврдат дека сексуалните напади врз жени и девојчиња во Индија продолжуваат и ја обвинуваат полцијата дека не прави доволно напори за спречување на ваквите злосторства.

Сексуалните напади се најдоа во центарот на вниманието по групното силување на студентка во автобус во Њу Делхи во декември, што предизвика масовни протести низ целата земја.