Временска за идната недела: Не чека драстична промена

Променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, особено во западните и северните делови, а на повисоките планини слаб снег.

Ќе дува слаб повремено умерен северозападен ветер, кој ќе биде повеќе изразен во ноќните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

 

Во Скопје температура до 14 степени.

Утре претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат.

Во недела и во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Во вторник и среда пак, ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Во четврток ќе имаме променливо време со максимални температури до 17 степени.

 

 

 

03.11.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега