Села: Јас Министер на Заев!? Па Ве молам се сметам за човек со самопочит

 

По пишувањата во дел од медиумите дека екс градоначалникот на Струга е можен кандидат за прв човек во здравството, Села за Макфакс вели дека нема намера да биде министер на Заев.

– Јас министер на Заев!? Па Ве молам, се сметам себеси за човек кој има самопочит и интегритет, изјави Села за Макфакс, без да прецизира дали ова значи дека Алијансата за Албанците ќе ја напушти владината коалиција.

Зијадин Села ја изгуби битката за градоначалник на Струга, од кандидатот на ДУИ – Рамиз Мерко, кој досега ја извршуваше функцијата министер без ресор за привлекување странски инвестиции. Села изјави дека не ги признава изборните резултати, бидејќи според него, имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата. Тој го обвини Заев дека успеал да ја продлабочи поделбата меѓу етничките заедници, а Ахмети го повика да се пресметаат на парламентарни избори.

Интересно е што оваа изјава на Села е сосема спротивна со онаа која претпладнево ја лиферуваше неговата партија.

„Владата е еден систем, едно мноштво кое треба да се состои од единици кои имаат заеднички особини. Во конкретниот случај, ние се сметаме како реформска Влада и не гледам причина Алијанса за Албанците да не биде дел од оваа Влада, бидејќи ние сме се определелиле за реформи“, изјави шефот на изборниот штаб на Алијансата, Елми Азири за Алсат.

 

 

 

31.10.2017 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега