Амбасада на САД: Изборите беа демократски

 

Амбасадата на САД ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ ОДИХР дека локалните избори беа компетитивни и дека почитувањето на основните слободи придонесе кон подобрување на демократскиот процес.

Овие заклучоци се во согласност со она што тимовите од Амбасадата на САД го забележаа за време на првиот и вториот круг од изборите, се вели во денешното соопштение од амбасадата на САД од каде повикуваат надлежните да ги расчистат сите сомнежи за изборни неправилности.

„Таму каде што постои загриженост за неправилности и злоупотреби, повторно препорачуваме на граѓаните да ја искористат соодветната процедура и да ги пријават, а на релевантните власти, брзо да ги адресираат.  Исто така,  препорачуваме на Државната изборна комисија и на други релевантни владини тела да го искористат периодот по овој изборен процес за да се фокусираат на препораките на ОДИХР што беа дадени по изборите во 2016 и во 2017 година.  Со ова ќе се зајакнат идните изборни процеси.

 Силна локална власт обезбедува основи за една динамична демократија. Ги охрабруваме новоизбраните градоначалници и советници да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини. Амбасадата ќе ја продолжи соработката со општините, организациите и граѓаните за да се унапредат клучните реформи на локално ниво.“, стои во соопштениетот од американската амбасада.

ОБСЕ ОДИХР вчера оцени дека изборите биле конкурентни и демократски. Набљудувачите на терен регистрирале одредени притисоци врз гласачите, семејно гласање, сликање на гласачки ливчиња и злоупотреба на државните ресурси. Ги повикаа партиите доколку имаат докази за насилство тоа да го пријават во полиција а прекршувањата на изборните правила да ги достават како претставки до Државната изборна комисија

 

 

 

31.10.2017 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега