Утре нема да личи на лето

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи, а ќе дува и засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните и северните делови од земјава каде локално е можно да наврнат повеќе од 20 литри на метар квадратен воден талог, а не е исклучена и можноста за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд проследен со грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно и малку посвежо време. Во одделни делови е можен краткотраен локален дожд. 

27.08.2013 - 15:39

најчитано сега