ОБСЕ/ОДИХР со првична оценка за вториот круг од Локалните избори
Набљудувачката мисија на канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги претстават првичните постизборни наоди и заклучоци од вториот круг од Локалните избори.
Првичните наоди и заклучоци ќе ги претстави амбасадорката Одри Гловер, шефица на набљудувачката мисија на ОДИХР.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР е составена од 126 набљудувачи од 26 земји - 17 изборни експерти во главниот град, како и 17 долгорочни и 88 краткорочни набљудувачи распоредени низ целата држава.
30.10.2017 - 08:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа