Во Штип гласањето се спроведува под силно полициско обезбедување

Од утрината Штип врие од полиција. Засилени полициски контроли се забележани на повеке локации во градот- извести Тв Алфа

Утрината Штип врие од полиција. Засилени полициски контроли се забележани на повеке локации во градот. Според неофицијални информации штипската полиција од сношти добила засилување од колеги и од други градови. И фотогрфиите кои ги добивме од граганите го потврдуваат истото. Се запираат коли,се бараат патни исправии.  

Во извештајот од една политичка партија е наведено дека е забележан притисок од страна на МВР и пред нивниот штаб.
   Од полицијата ги отфрлаат тврдењата.Портпаролот на штипската полиција Гордана Панајотова за Алфа вели дека нема вистина во информациите дека градот врие од засилени полициски контроли,на терен имало полиција онолку колку што и било потребно. 
 
Во извештајот на  невладината организација “Излези да гласаш” е наведено дека во општина Чешиново-Облешево е пријавено и повикување на лице на информативен разговор.
 
   Иако под засилено полициско обезбедување ,засега вториот круг од овие локални избори се одвива фер и демократски. Од ОИК –Штип информираат дека на терен не се регистрирани неправилности.

 

 

 

 

 

29.10.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа