До 13 часот во Дебар 17,87 отсто излезеност на изборите

 

Според Општинската изборна комисија, во општина Дебар до 13 часот правото на глас го искористиле 17,87 отсто од вкупниот број гласачи.

- Во единствениот избирачки список во општината запишани се 18.406 гласачи. До 13 часот правото го искористиле 3.449 или 17,87 отсто, изјави Али Реџа секретар на ОИК на Дебар.

Реџа нагласува дека во сите 27 избирачки места изборниот ден минува без проблеми

 

 

 

29.10.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега