МОСТ: Гласачките места отворени навреме, нема неправилности

 

Сите гласачки места на вториот круг од локалните избори каде се избираат градоначалници се отворени навреме, гласањето оди тековно и досега нема информции за какви било неправилности, информираа на денешната прва прес-конференција од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Златко Димитриоски од оваа асоцијација истакна дека МОСТ го следи гласањето со вкупно 1000 набљудувачи од кои 910 се распоредени на гласачите места и покриваат 50 проценти од местата каде што денеска се одвива гласање. МОСТ го набљудува вториот круг од изборите и со 45 мобилни тимови.

Од асоцијацијата апелираат до граѓаните сите неправилности што сакаат да ги пријават тоа може да го сторат на бесплатниот телефонски број 080 080 080 како и на веб платформата.

 

 

 

29.10.2017 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега