Се зголеми бројот на лица со симптоми на труење во Гостивар

Над илјада лица со зголемена температура, малаксаност и стомачни тегоби побараа медицинска помош изминативе 5 дена на инфективното одделение во Оштата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Од Министерството за здравство е потврдено дека лекарска помош побарале уште 60 лица.

Зголемниот обем на работа ги исполнил капацитетите на инфективното одделение, а болничката управа решила да ги користи капацитетите од другите одделенија.

– Последниве две недели кај нас е евидентен зголемениот број на пациенти кои имаа слична клиничка слика и симптоми на повраќање, пролив, малаксаност и зголемена температура. Изминативе три дена денови, помош на нашето одделение побарале и по 150 пациенти дневно. Од крвните анализи добиваме резултати дека станува збор за бактериска инфекција. Денес состојбата е помирна и бројот на пациенти е намален, но сепак имаме зголемен обем на работа, истакнал д-р Ратко Наумоски, инфектолог во одделението.

Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект.

Од Центарот за јавно здравје и ДСЗИ се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите, кои ќе ги добијат од подрачниот ЦЈЗ, доколку има потреба ДСЗИ ќе издаде решение со конкретни мерки.

 

 

 

 

27.10.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега