Како да проверите дали имате евтина дневна тарифа за струја

Денес заврши прилагодувањето на струјните броила на кое се работеше точно еден месец.
 
Еве како да препознаете дали имате евтина струја во текот на денот или не.
 
На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во период од 14 до 16 часот од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 што ќе значи дека во тој период има евтина тарифа.
 
Евтината дневна тарифа беше воведена од владата и со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и се проценува дека оваа мерка и пониските сметки сметки за струја за граѓаните годишно ќе го намалат салдото на енергетските компании за околу 8 милиони евра.
 

 

 

26.10.2017 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега