Скандал ја тресе Србија - наместена била седмицата на лото?

Седмицата на лотото во Србија била наместена а ваквиот сомнеж го обелодени српскиот весник Информер. Името на добитникот на 1,6 милиони евра засега не е познато, а единствено што се знае е дека е уплатено во Бања Лука. 

Извлечените броеви се 3, 5, 9, 16, 21, 27 и 33. Сомнително е тоа што три часа пред извлекувањето било наложено да се отвори сефот на Српската државна лотарија и вонредно да се исчистат сите топчиња.

Биле присутни сите директори на правната и маркетинг служба со своите соработници за да го надгледуваат текот на играта, што не било вообичаена пракса.

Полицијата открила и дека новиот човек од обезбедувањето за време на транспортот неовластено чепкал низ топчињата.

27.08.2013 - 13:44

најчитано сега