Струмичка лекарка им наплаќала на ученици за да им дава оправданија

 

64 годишната струмичка лекарка  Е.П.-Р. заработи кривична пријава бидејќи им наплаќала на ученици за да им потпишува оправданија. Таа, информираат од полицијата, од 2010 до 2013 година издала 33 медицински белешки на ученици за извршени прегледи заради оправдување на отсуството од училиште. За оправданијата им наплаќала на учениците од 50 до 100 денари за ден отсуство. Притоа, евидентните броеви на белешките не се совпаѓале со броевите во медицинската документација што ја водела.

Струмичанката заработи кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, а против нејзината ПЗУ „Медикус“ ПО Струмица за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

27.08.2013 - 13:13

најчитано сега