Шефот на косовската дипломатија во посета на Македонија

 

Интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка, со акцент на инфраструктурната и енергетска соработка ќе бидат во фокусот на денешната официјалната посета на шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли на Македонија.

Шефот на косовската дипломатија за време на престојот во Скопје ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Како што соопшти МНР планирано е тој да биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери како и од премиерот Зоран Заев.

Посетата ќе биде искористена и за размена на мислења.

 

 

 

25.10.2017 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега