Џејсон Статам ќе загинеше на снимањето за „Непобедливи 3“
Познатиот холивудски актер, Џејсон Статам за малку ќе загинел на снимањето на филмот „Непобедливи 3“. Тој преживеал само благодарение на брзата интервенција на екипите на Брзата помош.
Инцидентот се случил минатата сабота, кога Статам на снимањето на опасна акција сцена од "Непобедливи 3″ тврдоглаво одбил да биде ангажиран професионален каскадер.
Тој се нурнал во водата, но, нешто тргнало наопаку и актерот не можел да излезе од под вода. За среќа Брзата помош веднаш интервенирала и Статам безбедно бил изваден.
27.08.2013 - 10:40