Денеска го славиме светиот апостол - сведок на Христовите зборови и дела

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 октомври.

Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев.

Овој Јаков му беше брат на апостолот и евангелистот Матеј. Еден е од дванаесетте апостоли, најнепосредните сведоци на Христовите зборови и дела, смртта и воскресението. По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, му се падна да Го проповеда воскреснатиот Христос во Елевтеропол и околината, а потоа во Мисир, што е старо име за Египет. Неговата проповед постигна многу во Египет, кој во првите векови од Христовата ера стана расадник на христијанството и посебно на христијанското подвижништво. Таму и пострада, распнат на крст од незнабошците.

 

 

 

22.10.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега