Кери: Нападот со хемиско оружје е неморален и одвратен
Американскиот државен секретар Џон Кери го означи како неморален и одвратен нападот во околината на Дамаск минатата недела, во кој наводно е употребено хемиско оружје.
И покрај тоа што Кери директно не го посочи режимот на Асад како одговорен за нападот, тој напомена дека сириските власти ги задржувале пет дена инспекторите на Обединетите нации и во тој период ги продолжиле бомбардирањата во регионот на Дамаск, во кој беше извршен нападот.
- На тој начин не би се однесувала влада, која нема што да крие, додаде тој.
- Снимките, кои се појавија од Сирија по веројатната употреба на хемиско оружје во предградието на Дамаск треба да ја разбудат совеста на светот и тие се спротивни на сите морални кодекси, додаде Кери.
Тој истакна дека американскиот претседател Барак Обама е во контакт со своите сојузници и врз основа на повеќе информации одлучува како да се одговори на оваа „бескруполозна употреба не хемиско оружје“.
- Обама веруа дека е потребно да биде побара одговорност од оние, кои употребиле вакво застрашувачко оружје против најранливите категории на граѓани во светот, нагласи американскиот државен секретар.
Кери истакна дека САД проучуваат повеќе опции како одговор против употребата на хемиско оружје во Сирија и додаде дека ова прашање има пошироко значење од ситуацијата во оваа земја.
Според Кери станува збор за нарушување на меѓународните норми, кои забрануваат користење на оружје за масовно уништување.
- САД имаат дополнителни информации дека во Сирија било употребено хемиско оружје и тие информации ќе и ги предадат на меѓународната заедница, истакна Кери.
- Имаме дополнителни инфомации за нападот и ги проучуваме заедно со нашите партнери. Следните денови ќе ги претставиме своите докази, рече Кери.