Мицкоски: Полицијата не е само униформа туку срцето на безбедна Македонија

 
Со длабока почит и искрена благодарност, ви го честитам 7 Мај - Денот на македонската полиција! Ова го напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
 
- Ова е ден кога ја славиме храброста, пожртвуваноста и беспрекорната посветеност на сите припадници на полицијата кои, без двоумење, секојдневно стојат на првата линија за безбедноста на нашата татковина. Вие сте чувари на редот, на мирот, на достоинството на државата и на секој граѓанин. Вашата работа е тивка, но одекнува гласно кога спасувате животи, кога штитите семејства, кога обезбедувате улици и граници. Полицијата не е само униформа, таа е симбол на доверба, сила и правда. Вие сте срцето на безбедна Македонија. Владата останува доследна на својата заложба да вложува во човечкиот капитал, во вашата сигурност, достоинство и мотивација. Затоа, со зголемувањето на платите за 10%, со исплатени бонус плати, нови униформи и опрема, ја потврдуваме нашата решеност да ја вреднуваме вашата работа не само со зборови, туку и со дела. Зошто стабилна и силна полиција значи стабилна и силна држава. Нека ви е честит и вековит Денот на македонската полиција! Ви посакуваме здравје, успех и сила во секој нареден предизвик. Македонија ви е благодарна!, напиша Мицкоски во честитката.

07.05.2025 - 10:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега