Иванов: Граѓаните ги избираат тие што очекуваат да им го подобрат животот

По гласањето на избирачко место во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој гласаше со сопругата, изјави дека очекува овие локални избори да поминат во мирна, демократска и фер атмосфера.

– Денес кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и услови за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот, рече Иванов.

 

 

 

15.10.2017 - 19:08
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега