"Дајте пари или се ќе објавам на Фејсбук" - полицијата уапси кавадарчанец

 

Триесетгодишен кавадарчанец денеска бил лишен од слобода откако во Полициската станица Кавадарци две лица пријавиле дека ги уценувал да му дадат пари за да не објави компромитирачки материјали за нив на социјалните мрежи.

- По брзата акција на вработените од Полицијата Кавадарци откриено е лицето на триесет години од Кавадарци и истото е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“, вели Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

По извршениот разговор и собраниот доказен материјал, додава Додевски, до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело 

 

 

 

13.10.2017 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега