Ограбено детенце среде улица во Битола

Вчера околу 20 часот на улица „Широк Сокак“ во Битола било грабено малолетно дете. Четири непознати лица извршиле разбојништво над 12-годишното момче. Додека оштетениот бил со свое другарче, ги пресретнале непознатите лица, едното од нив го фатило за врат и му го одзело мобилниот телефон, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.10.2017 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега