Блажевски: Од Демир Хисар ќе направиме модерно европско урбано живеалиште

Заедно со Вас, граѓаните на Општина Демир Хисар изодевме многу важна етапа од долгиот и макотрпен пат кон создавањето успешна, просперитетна и развиена општина. На тој пат нè следеа бројни неизвесности и предизвици, но и непоправливи желба, ентузијазам и пожртвувана посветеност да ги промениме и подобриме „нештата“, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Блажевски.

Вели дека сега повторно заедно со граѓаните се пред нов предизвик, односно како да се одржи започнатионт почеток на напредок во Демир Хисар.

-Во стратегиските планирања коишто претставуваат многу важен процес или насока на дејствување на општината, визијата е многу важна компонента. Успеавме да ги задвижиме работите, имаме долгорочен поглед концентриран на иднината на Демир Хисар. Без оглед на бројноста и насушноста на вашите потреби. Демир Хисар нѝ останува движечка и непресушна инспирација. Како што покажавме дека исполнителноста, трудољубивоста и посветеноста се најголемиот гарант за остварување на заедничките обврски пред вас, така треба да се верува дека повторно ќе ја оправдаме Вашата доверба со реализација на планираните нови проекти што произлегуваат од вашите животни потреби и секојдневија. Еден политички зрел народ како што сте Вие граѓаните на Општина Демир Хисар, знае што се избори. Изборите се одржуваат за нешто да се промени, луѓето да добиваат подобри услови за живеење, да се подобри животот – нешто да се промени во народот, да се случуваат реформи, истакна Блажевски.

Вели дека затоа тој и неговиот тим имаат концепти и предлози, но и проверени потврдени знаења и искуство.

-Новата програма за Демир Хисар што треба да ги детерминира најважните развојни правци, на сите нивоа и во сите области е срочена и положена на реални шанси целосно да се реализира. Каде ќе биде фокусирано вниманието за идниот четиригодишен развој на Општина Демир Хисар, најилустртивно говорат 115-те нови проекти во програмата која што со вашата силно очекувана и безрезервна поддршка реално ќе ја оствариме во следните 4 години. Еве само неколку поважни. Ќе изградиме колекторски систем за отпадните води од Демир Хисар, Суводол, Кутретино, Слепче и Белче. Ќе изградиме пречистителна станица за градот Демир Хисар и населените места Суводол, Кутретино, Слепче и Белче. Ќе изградиме нов модерен локален пат во должина од 2 километри до манастирот Св. Тома, најави Блажевски.

Потенцира дека во Демир Хисар ќе бидат изградени нови паркиралишта.

-Ќе го доизградиме, поточно ќе го прошириме проектот Гратско шеталиште и ќе поставиме ново енергетски ефикасно канделабриско улично осветление и урбана опрема. Ќе изградиме ново кошаркарско игралиште (street basket). Со нашите партнери и пријатели од сестринската општина Балчова, Измор, Република Турција, ќе изградиме  фитнес парк на отворено. Во Сопотница, едно од најголемите населени места во општината, за младите спортисти и рекреативци, ќе изградиме повеќенаменско спортско игралиште. За Белче и Единаковци ќе решиме еден многу сериозен проблем со отпадните води: Ќе изградиме канализациони системи, а фекалната канализација во Белче ќе ја поврземе на колекторксиот систем и пречистителната станица. Реконструкции и рехабилитации на улици и локални патишта во должина од 10 километри, како во градот Демир Хисар, така и во неколку други населени места, посочи Блажевски.

Вели дека нивната визија е положена на заеднички напори и стрежеи.

-Од градот Демир Хисар да направиме модерно европско урбано живеалиште, а од општината Демир Хисар да направиме место на потекло и место на живеење и работење на успешни, задоволни и горди луѓе, рече Блажевски.

 

 

 

12.10.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега