Се слушале сирени во Охрид: Полицајци убедуваа жена да не се самоубива

Четворица полицајци спречиле 41- годишна охриѓанка во обидот да се фрли од балкон на петти кат.

Вистинска драма се одвивала вчера во центарот на Охрид, каде околу 11 часот четворица полицајци успеале да спречат жена да се фрли од неограден балкон на петтиот кат на зграда на улица Туристичка.
Околу еден час полицајците преговарале со жената. Најпрвин полицијата го обезбедила просторот околу зградата. Потоа двајца полицајци почнале да разговараат со жената, а други двајца внимателно и се приближувале.

 

Во еден момент силно ја повлекле од ивицата на балконот и ја спасиле жената. Таа со возило на Итната медицинска помош била префрлена во болница.

 

 

 

11.10.2017 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега