Трајановски со капитален проет: Ќе се прошири булеварот „Борис Трајковски“ до влезот на Драчево, таму ќе има кружен тек

 

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, потсетува дека булеварот „Борис Трајковски“ е еден од најважните сообраќајни проекти кои се спроведува.

-Во три фази го направивме овој булевар од рампата во Кисела Вода до почетокот на Пинтија. Во должина од околу 5 километри и вредност од 7,7 милиони евра. Тоа значи едно модерно, сообраќајно поврзување на општината Кисела Вода, особено Драчево и другите населби со градот Скопје, рече тој.

Трајановски од новиот булевар промовираше уште еден проект од неговата нова изборна програма 2017-2021, а тоа е четвртата фаза од булеварот „Борис Трајковски“ која ќе почнува од семафорите во населбата Пинтија се до почетокот на Драчево и ќе завршува со кружен тек.

-Должината на оваа четврта фаза е околу 1600 метри и во оваа фаза исто така е предвидено булеварот да има 4 ленти. Онаму каде што има простор ќе има пешачки и велосипедски патеки, со што ова ќе биде еден од најдолгите булевари во градот Скопје кој ќе овозможи побезбеден, побрз, поекономичен сообраќај за жителите на Драчево, Студеничани, Батинци, Зелениково, Пинтија и индустриските објекти кои гравитираат околу овој булевар, истакна Трајановски.

Тој потенцира дека со правењето на овој булевар ќе се овозможи поголем развој на овој дел од градот Скопје бидејќи ќе никнат нови индустриски и станбени објекти.

 

 

 

11.10.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа