Скопјанец преживеа хорор на Плоштадот „Скендербег"

Вчера во 17 часот и 30 минути, 30-годишниот А.Т. од Скопје, пријавил дека помеѓу 03.00 и 04.00 часот на плоштадот “Скендер бег“, од страна на четири лица извршено му е разбојништво, при што му се одземени 500 денари, патики марка „Најк Ер Макс“ и мобилен телефон марка „Самсунг Галакси Ј5“.

Разбојништвото  лицата го извршиле на тој начин што му побарале пари и физички го нападнале, ги одзеле наведените предмети, по што побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. 

 

 

 

10.10.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега