Крвав инцидент во средно училиште во Македонија

Крвав инцидент во средно училиште во Гостивар се одвивал вчера во 13 часот и 10 минути.

Полицијата информира дека во Средното економско училиште, дошло до меѓусебна тепачка помеѓу две групи ученици од гимназијата, економското, индустриското и медицинското училиште, како и други засега непознати лица кои не се ученици. При тепачката биле користени тврди и остри предмети со кои им биле нанесени повреди на 17 годишно лице, кое се здобиле со убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош и уште едно 16 годишно лице кое се здобило со убодна рана во горниот дел на грбот.

Двајцата биле пренесени на Ургентен во Скопје, додека подоцна е добиено известување дека е повреден и 18-годишниот С.А.  од селото Врапчиште, кој се здобил со расекотина на лево рамо, а по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Гостивар е пуштен на домашно лекување.

Насилникот е во бегство.

 

 

 

10.10.2017 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега