Зашов: Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достоинство за секој еден жител на Чешиново-Облешево

Граѓаните на општината Чешиново-Облешево заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во општината Чешиново-Облешево. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достоинство за секој еден жител на општината Чешиново-Облешево, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Зашов.

Вели дека тој и неговиот тим ќе се залагаат за да обезбедат подобар живот за сите жители на таа општина преку изградба на квалитетна инфраструктура, подобро образование, заштита на животната средина, преку развој на спортскиот дух и урбанизација на општината. Потенцира дека ќе си стојат на зборот и ќе го исполнат се што ветиле.

 

Зашов презентираше дел од неговата предизборна програма.

-Доизградба на водоводна мрежа во с. Облешево, с. Чифлик и с. Чешиново  и пуштање во функција на овие три водоводи. Изградба на водоводна мрежа во с. Уларци. Изградба на бунар со доводен цевковод за подобрување на водоснабдувањето во с. Спанчево. Изградба на фекална канализација и колектор за одведување на отпадните води во с. Спанчево. Изградба на фекална канализација во с. Соколарци. Реконструкција на водоводниот систем во с. Кучичиново, најави Зашов.

Посочи дека во програмата се предвидува изградба на крак од фекална канализација во селото Бање.

-Изградба на крак од фекална канализација и колектор за одведување на отпадните води во с. Теранци. Изградба на крак од фекална канализација и колекторот за одведување на отпадните води во с. Жиганци. Изградба на улици во населените места, проект „Асфалт до секое семејство“. Изработка на физибилити студија чиста вода за пиење за општина Чешиново-Облешево доизградбата на ХМС Речани. Уредување на мини плоштади во населените места во општината, придружени зелени површини, да обезбедиме катче за релаксација на сите генерации од најмалите до највозрасните. Отворен ден за земјоделци кој ќе служи за информирање на земјоделците за голем број поволности што им се на располагање, за начинот на нивно искористување со тенденција да премине во мини Саем за земјоделие, нагласи Зашов.

Според него, фудбалот е препознатлив во општината, па најави дека финансиски ќе бидат поддржани спортските клубови во Чешиново-Облешево.

-Програмата што ја нудиме е реална, остварлива и базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на општината Чешиново-Облешево. Нудиме просперитет, нудиме сигурност и можност општината Чешиново-Облешево, заеднички да ја направиме модерна и современа општина, да ја направиме најубаво место за живеење во Македонија, рече Зашов.

 

 

 

 

09.10.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега