Скопје домаќин на Шестиот Самит100 за бизнис лидери од ЈИЕ

Шестиот годишен Самит100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Скопје на 16 и 17 октомври ќе биде најавен на денешната прес-конференција.

Самитот ќе го најават Живко Мукаетов претседател на УО на Самит100 и Јелена Радуловиќ, програмски директор на Самит100

 

По успешната траекторија преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, оваа година Самит 100 се одржува во Скопје во реномираниот Скопје Мериот Хотел.

Самит 100 е уникатна бизнис иницијатива, која на едно место собира околу 150 еминентни бизнис лидери од целиот ЈИЕ регион чија примарна цел е да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

За време на минатите настани Самит100 процени дека во ЈИЕ регионот се потребни инвестиции и подобрувања во повеќе области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, подобрување на мобилноста на работната сила, слободно движење на стоки и услуги.

 

 

 

09.10.2017 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега