Температурите одат под нула - еве што не чека со времето
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен веттер од северен правец. Температурата ќе се движи од три до 19 степени.
Следува период на стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло. Утринските температури утре изутрина во некои од повисоките места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа