Богоев вети доизградба на градинката и спортски центар во Бардовци

Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Карпош, оствари средба со жителите на населба Бардовци на која посочи дека новата локална власт веднаш ќе започне со решавање на елементарните проблеми во оваа скопска населба, но дека се предвидуваат и други, капитални проекти за Бардовци.

„Целосно ќе ја изградиме градинката во Бардовци и нема да дозволиме најмладите да бидат жртва на лажните предизборни ветувања на Јакимовски“, истакна Богоев.

Тој посочи дека неговата програма предвидува и изградба на спортски центар „Лепенец“.

„Планираме реконструкција на фудбалското игралиште, соблекувалните и трибините. Ќе овозможиме и заживување на фудбалскиот клуб ‘Лепенец’ и дополнително активирање на младинската школа“, рече Богоев.

Вети дека дворот во училиштето „Аврам Писевски“ ќе прерасне во спортско-рекреативна зона со содржини за учениците кои ќе бидат прилагодени за користење и за другите граѓани од овој дел на Карпош.

„Нема да дозволиме Бардовци да е отсечено од урбаното јадро, сите граѓани заслужуваат еднаков третман и овој реон ќе биде убаво место за живеење“, заврши Стефан Богоев.

 

 

 

08.10.2017 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега