Eве кои места утре ќе останат без струја

Од Регионалниот Центар за Управување со Кризи на Град Скопје денеска информираат дека поради изведување на технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе бидат селото Јосифово (од 9 до 12 часот),  улицата Ѓорче Петров, околу очната болница во Јурија ( од 8:30 до 12 часот) и улиците 4, 1, 46 и 84 во населбата Кисела Јабука (од 11 до 15 часот)

 

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони, информираат од РЦУК.

 


 

 

 

26.08.2013 - 15:23