Уште утре топло - во среда невреме и есенска атмосфера

 Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во западните и во северните делови ќе има зголемување на облачноста проследена со локален дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има и услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе има тенденција на благо опаѓање. 

26.08.2013 - 15:14

најчитано сега