Георгиевски: Ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог

Вклучување на граѓаните во поставувањето на приоритетите при носењето на општинскиот буџет и транспарентно известување за трошењето на истиот, вети денеска кандидатот за градоначалник на оптина Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски.

-Ќе имаме отворени денови во кои јас како иден градоначалник ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог, сугестија или критика од нашите граѓани. Новата локална самоуправа ќе биде отворена за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги на едно место, истакна Георгиевски.

Најави враќање на функционирањето на месните и урбаните заедници кои, според него, ќе бидат основната клетка во општината.

 

 

 

07.10.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега