Сертификати за уште произведувачи на сушени производи

 

 На 10 произведувачи на сушени производи, кои во изминатите четири месеци следеа обука во специјализирана работилница за сушење овошје, зеленчук и билки, денеска во средното училиште „Марија Кири-Склодовска“ во Општина Аеродром, им беа доделени сертификати.

Кандидатите ја следеа обуката два месеца во училиштето во специјализираната работилница и два месеца беа на практична работа во компании, кои се занимаваат со истата дејност.

Целта на обуката е кандидатите да се здобијат со сертификат што ќе им помогне за полесно вработување.

Обуката се организира во рамки на програмата за обука на кадри дефицитарни на пазарот за трудот организирана од Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување.

26.08.2013 - 14:32

најчитано сега