Трајановски: Целосна реконструкција на главната сообраќајница во Шуто Оризари

 

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Шуто Оризари на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Елвис Бајрам, како и поголем број на кандидати од листата за советници на Град Скопје денеска ја посетија општината Шуто Оризари, каде остварија повеќе средби со жителите на оваа општина.

За време на средбите кандидатите за градоначалници и советници разговараа за реализираните проекти во изминативе 8 години, а воедно и презентираа дела од проектите кои што им се предвидени во новите изборни програми.

Трајановски се осврна наведе поголем број на проекти коишто се предвидени во неговата програма, но како најважен го потенцираше проектот за целосната реконструкција на главната сообраќајна артерија во Шуто Оризари, улицата „Индира Ганци“.

- Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот од влезот на општината, на крстосницата со булеварот „Словенија“ до крстосницата со улицата „Гарсија Лорка“, на потег во должина од над 2,5 километри. На оваа улица минатата година за првпат се постави атмосферска канализација, а со овој проект, покрај реконструкцијата на коловозот, планираме да извршиме и реконструкција на тротоарите. Со реализацијата на овој проект, значително ќе се ќе се намалат сообраќајните метежите коишто се создаваат, а ќе се движењето и безбедноста на сите учесници во сообраќајот – кажа Трајановски.

 

Кандидатот за градоначалник Трајановски потсети дека изминативе 8 години, на територијата на општина Шуто Оризари се реализирани голем број на проекти со кои значително е подобрен квалитетот на живот на жителите на оваа општина. Тука влегуваат реконструкциите на голем број на улици, изградбата и реконструкцијата на голем број на атмосферски и фекални канализациони системи, а најголем проект е секако мега проектот за изградба на нов водоснабдителен систем за оваа општина, кој е во завршна фаза на реализација и за што се инвестирани над 3 милиони евра.

 

 

 

30.09.2017 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега